ZANO DIGITALEN TERMOMETAR / ZANO / ЕЛЕКТРОНСКИ ТЕРМОМЕТАР / Дигитален термометар
ZANO Strict е дигитален термометар со STRICT систем за прецизно и брзо мерење на температурата. Изработен е од еластичен полимер, кој овозможува свиткување до 45˚. Водоотпорен е, има индикатор за истрошена батерија, позлатен врв, батерија со трајност за повеќе од 1200 мерења (годишно ниво), мемориска функција (го прикажува последното мерење) и звучен сигнал. Може да ја мери телесната температура под мишка, орално или ректално.
Клучни предности:
- STRICT™ – системот гарантира точен резултат преку автоматска проверка за правилно поставување и мерење.
- Флексибилен – изработен од еластичен јаглеводороден полимер, кој овозможува свиткување до 45°.
- Хипоалергиски – сите употребени материјали се хипоалергиски.
- Водоотпорен
- Позлатен врв
- Мемориска функција




