ZELEZO DIREKT ќеси/Микрогранули во кесички со железо, фолна киселина, витамин Б12 и витамин Ц кои на брз и едноставен начин обезбедуваат внес на овие нутритиенти во состојби на зголемени потреби за нив или недоволно внесување преку
храна.
Хемискиот облик на железо во препаратот овозможува голема растворливост на овој олигоелемент, што овозможува висок процент на ресорпција и добра ефикасност, а предизвикување на помал број несакани ефекти.
Препаратот се препорачува на лица кај кои постои зголемена потреба за железо, фолна киселина и витамини Б12 и Ц, жени во репродуктивен период, бремени, доилки, лица со зголемена физичка активност, млади во тек на интензивен раст и развој, заради недоволен внес на овие компоненти преку храна или заради намален внес во тек на редукциони диети.
Производот не е наменет за помлади од 6 години и лица со хемосидероза и хемохроматоза.
Производот содржи засладувач и е погоден за дијабетичари.
Една кесичка содржи:
Железо (железо-II-фумарат) 14 mg
Витамин Ц (L-aскорбинска киселина) 80 mg
Витамин Б12 (цијанокобаламин) 2,5 μg
Фолна киселина (птероилмоноглутаминска киселина) 200 μg
Начин на употреба: Возрасни и деца над 6 години: Еднаш дневно, после оброк, содржината на кесичка да се растопи во устата и да се
проголта.