CANABIGAL Крема за стапала 50mg CBD

744 ден

CANABIGAL крема за стапала претставува комбинација од:

  • CBD,
  • уреа,
  • екстракт од невен,
  • витамин Е
  • пантенол.
За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

CANABIGAL Крема за стапала 50mg CBD

CANABIGAL (Канабигал) крема за стапала лесно се впива во кожата и е посебно погодна за нега на сува и испукана кожа на петите.

CANABIGAL крема за стапала претставува комбинација од:

  • CBD,
  • уреа,
  • екстракт од невен,
  • витамин Е
  • пантенол.

CBD поседува антиоксидативни својства, ги неутрализира слободните радикали и на тој начин ја зголемува отпорноста на кожата, го намалува губењето на влажноста. Исто така со својот природен противвоспалителен ефект го ублажува воспалението и болката во стапалата по напорен ден или различна физичка активност.

Уреата длабински ја хидратира кожата и помага во задржување на нејзината влажност со што спечува нејзино сушење и пукање.

Екстрактот од цвет од невен го поттикнува заздравувањето и обновувањето на кожата, го намалува воспалението и спречува оштетување на ткивата.

Витаминот Е штити од штетното влијание на околината и ја измазнува и омекнува кожата.

Пантенолот има смирувачки ефект, го намалува црвенилото и делува противвоспалително.

50mg CBD/50ml

CBD (канабидиол) е едно од 104‐те хемиски соединенија познати како канабиноиди кои се наоѓаат во растението канабис (Cannabis Sativa L.).

За разлика од THC (главниот психоактивен канабиноид пронајден во канабисот), CBD не е психоактивен. Оваа предност го прави CBD како подостапен и повеќе баран од страна на потрошувачите. Тоа е така особено затоа што на природен начин делува позитивно во надминувањето на болката, на различни делови од телото.

Канабигал потекнува од индустриски сертифициран коноп, органски одгледуван и од проверено потекло, со цел да се обезбеди квалитетен и медицински богат CBD производ.