Овој Комбо пакет кој се состои од Антифони (пригушувачи на бучава) за бебе 0-3 и очила за сонце за бебе 0-2 год, е идеална комбинација за да му овозможите безбедно растење на вашето малечко,и да му ги зачувате здрави најважните сетила за слух и вид. Овој комбо пакет е исто идеална комбинација за подарок. Се состои од:
- Антифони (пригушувач на бучава) 0-3год. :Антифоните BANZ нудат најдобра заштита на слухот кај вашите бебиња и деца, така што ги пригушуваат гласните тонови и силна бучава,спречуваат оштетување на слухот и вознемиреност предизвикана од силна бучава и непријатни звуци но сепак не ги изолираат тивките тонови, за бебето/детето да може да ги слуша гласовите на своите родители,и така да се чувствува безбедно и сигурно. Се препорачува за: концерти, фестивали, (свадбени) веселби, патувања,спортски натпревари, реновирање,домашна бучава…
- Очила за сонце 0-2год. : Уникатната мека и нежна прилагодлива лента од Неопрен,на очилата за сонце дава совршено прилагодување на главата на детето, како што детето расте така ќе ја прилагодувате и лентата, за што подолго користење на очилата.Очилата имаат вградена, мека гумирана носница за удобно и безбедно носење, а стаклата се со 100% УВ заштита,леќи УВ400 и стакло категорија 3, што се смета за највисока заштита што можат очилата да понудат.
Производите се тестирани и ги исполнуваат интернационалните стандарди за безбедност и квалитет за што и секој производ поседува посебен Сертификат.
- Дизајнирани во Австралија





