Органско семе од бел трн / Organsko seme od bel trn /
Производот со најголем број на релевантни студии за докажување на ефикасноста на дејството при заштита на црниот дроб е белиот трн. Наречен е и млечен трн и ова растение се користи за медицински цели и за подобрување на здравствени состојби повеќе од 2000 години.
За кого е наменет?
Може да го користат здрави лица за превенирање на состојби и болести на црн дроб, семето, а е препорачано и за лица со: зголемен внес на мрсна храна, алкохол и лекови, замастен црн дроб, инфективни и неинфективни хепатитиси, при труење со храна и при хиперхолестеринемија.
100% органско семе од бел трн произвeдува македонскaта компанија Хемера , на еколошки чисти подрачја и по принципот „од нива до трпеза“ создавајќи природен производ, без додатоци, бои, ароми и конзерванси. Се користи иновативен пристап при преработката на белиот трн, со цел да се создаде ефикасен и корисен лек.
Белиот трн има долга историја на медицинска употреба и веќе со години наназад бележи докажан потенцијал за поддршка на дигестивниот систем, подобрување на метаболизмот на гликозата и заштита од хронични болести. Истражувањата на растението покажуваат ефикасност на млечниот трн при заболувања на црниот дроб предизвикани од алкохол, вирусни инфекции и токсини, како и примарна малигна етиологија. Докажано е дека има позитивно дејство како дополнителна терапија при тумори и хемотерапија и при бенигни заболувања на простата. Превенира појава на дијабет и е за општа благосостојба на целиот организам. Може да се применува како секојдневен додаток на исхраната против подуеност и кожни болести.