Babytol DHA оmega, 30 капсули/Бебешкиот мозок најинтензивно се развива во првите три месеци по раѓањето, а сетилата за вид, слух и говор во првата година. По првата година се развиваат повеќе мозочни функции кои се важни за концентрација, внимание и интелигенција на вашето дете.
Во првата година од животот бебешкиот мозок расте за неверојатни 175 %. Од втората година до адултниот период мозокот расте само уште 20 %. Токму поради тоа научниците и лекарите велат „Што сме развиле до третата година, тука ќе ја носиме капата“.
DHA, една од трите омега-3 масни киселини DHA, е најважна за здрав развој на видот и мозокот на вашето бебе.
DHA е главна структурна компонента на мозокот и ретината и ги сочинува 97 % од сите омега – 3 масни киселини во мозокот , и 93 % од сите омега –3 масни киселини во ретината. DHA сочинува 30 % од структурните масти во сивата маса на мозокот.
DHA омега – 3 масната киселина, како главна структурна компонента, има клучна улога во:
- Развојот на нервниот систем на детето
- Развојот на мозокот, менталните и когнитивните функции
- Подобрувањето на психомоторните функции кај децата
- Нормалниот развој на видот, острината на видот и функциите на очите