BlokMAX Rapid таблети

200 ден

Блокмакс Рапид се употребува за краткотрајна симптоматска терапија на лесна до умерена болка, како на пример: главоболка, забоболка, мускулна болка, болка во грбот и ревматска болка.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

BlokMAX Rapid таблети

Состав

Ибупрофен лизин (ibuprofen lysine) 684 mg, што одговара на 400 mg ибупрофен (ibuprofen).

Фармацевтска форма

Филм-обложена таблета.

Дејство

BlokMAX Rapid таблети содржат ибупрофен лизин, сол на ибупрофен, којшто спаѓа во групата на нестероидни антиинфламаторни (противвоспалителни) лекови (НСАИЛ), со аналгетично (против болка), антипиретично (против покачена температура) и со антиинфламаторно (противвоспалително) дејствување.

Индикации

Блокмакс Рапид се употребува за краткотрајна симптоматска терапија на лесна до умерена болка, како на пример:

  • главоболка,

  • забоболка,

  • мускулна болка,

  • болка во грбот и

  • ревматска болка.

Пакување

Кутија со 10 филм-обложени таблети во блистер и со упатство за пациентот.