Коензим Q10 (CoQ10) е моќна антиоксидантна материја позната како ubiquinone 10. Во 1978 година научниците Peters и Michael добиле Нобелова награда за откривање на овој моќен енергетик кој го зголемува нивото на клеточна енергија и благотворно влијае на имунолошкиот систем. Овој коензим е липо-солубилен ензим кој се бори против слободните радикали кои можат да предизвикаат најразлични заболувања, вклучувајки ги срцево-садовните заболувања и канцерот.
Помага:
- Во зголемување на продукцијата на клеточна енергија и во заштитување на срцевиот мускул од негативните ефекти предизвикани од стареењето
- Во засилување на дејството на другите антиоксидантни витамини, како А, Ц и Е
- Во зајакнување на имунолошкиот систем и поволно делува врз срцево-садовната и церебралната циркулација
- Во подобрување на психо-физичката состојба кај хроничните болни
- Во намалувањето на ЛДЛ холестеролот и неговото таложење во крвните садови со што ги намалува артериосклеротичните промени
- Во намалувањето на физичките ефекти предизвикани од стареењето, ја храни кожата, ја одржува нејзината еластичност и ги намалува брчките (заради што се додава
- во многу козметички производи за нега на кожата на лицето)
- Во зголемување на издржливоста и силата, ги подобрува атлетските перформанси и го забрзува опоравувањето по напорни тренинзи и физички вежби.