Creastim Lotion

2,390 ден

Креастим лосион против опаѓање на косата.

Нема на залиха

Creastim Lotion – креастим лосион против опаѓање на косата.
Повремено опаѓање на косата главно се јавува кај жените и може да биде предизвикано од различни фактори, како: стрес, после породувањето, сезонски промени, некои лекови или емоционални шокови…
Својства: Креастим лосионот против опаѓање на косата е богат со креатин, тетрапептиди и витамини и овозможува специјално прилагодено решение за повременото опаѓање на косата. Оваа комбинација на активни состојќи игра улога на вистински забрзувач на фазата на раст на косата, бидејќи го потпомага размножувањето на клетките на коренот на влакната од косата, ја обезбедува потребната енергија и ги стимулира главните фактори кои учествуваат во одржувањето на фазата на раст на косата и микроциркулацијата на скалпот.
На овој начин, косата е зајакната и добива во густина, а опаѓањето е запрено. Ова резултира со зголемен волумен на косата. Благодарение на лесната текстура, лосионот се размачкува оптимално, без да ја мрси косата. После првите неколку нанесувања, косата станува појака и се зголемуваат нејзиниот волумен и виталност. Лосионот има многу високо толерантен состав, па може да го употребуваат и лица со екстремно осетливи скалпови.
Начин на употреба: Прснете 10 пати од лосионот на сув скалп и масирајте ја косата за да ја зголемите неговата апсорпција. Не плакнете. Немојте да нанесувате шампон на косата во текот на наредните два часа по нанесувањето на лосионот.
Начин на употреба: Креастим се нанесува три пати неделно, најмалку два месеци. Едно пакување е доволна за 2 месеци, што претставува еден целосен третман.
Предупредување: Не прскајте во очите. Не го вдишувајте. Употребувајте го во добро проветрени простории. Не се голта. Само за надворешна употреба. Да не се употребува кај деца и тинејџери.

Досега немате прегледано ниту еден производ.