Cystofit forte/ Cistofit forte /ЦИСТОФИТ форте таблетите се наменети за ублажување на воспаленија на уринарните патишта
Состав:
1 таблета содржи:
150 mg екстракт од листови од чај за бубрези (Orthosiphonis folium), 100 mg лист од бела бреза (Betula alba), 50 mg лист од брусница (Vaccinium vitis idaea), 50 mg лист од магдонос (Petroselinum crispum), 30 mg екстракт од карликова палма (Serenoa repens), 30 mg корен од елеутерокок (Eleuterococus senticosus).
Дејство:
Нарушувањето на функцијата на уринарниот систем станува сé почеста појава кај женската популација. Причините за тоа се различни: намалување на општиот и локалниот имунитет, инфекции, алергии и компликации предизвикани од хемиски агенси и зрачење. Во последните години клинички е потврдена тесната врска меѓу уринарниот систем и гинеколошкото здравје. Ризикот од развој на заболувања на уринарниот систем кај жените е многу висок. За намалување на овие појави успешно се користи фитотерапијата, односно лекување со растенија кои поседуваат антимикробни, антиинфламаторни, диуретски и имуностимулаторни својства.
Засилената диуреза има големо значење за функционирањето на целиот организам.
Релативно новата гранка на медицинската наука „ендоеколошка медицина„ која во последните години е широко распространета, зазема важно место во зачувувањето на здравјето во услови на глобално загадување на средината. За да се зголеми излачувањето на разградните продукти од организмот (присутни надвор од крвните садови, на кои отпаѓаат дури 83% од токсините) заедно со водата, најдостапен начин е користење на растенија кои помагаат во тој процес. Растенија кои имаат проверени својства да го стимулираат транспортот на течности од ткивата и да ја подобруваат лимфната дренажа се: магдонос, шипка, лист од брусница и др.
Чај за бубрези
Чајот за бубрези се применува како слаб диуретик при акутни (заедно со традиционалната терапија) и хронични заболувања на уринарно-половиот систем, особено при заболувања на бубрезите, пропратени со отоци, албуминурија, азотемија и при камења во бубрегот. Покажано е дека, со примена на чајот за бубрези кај болни со изразена појава на атеросклероза на мозокот и зголемен крвен притисок, пропратени со нарушена бубрежна и хепатална функција, забележано е подобрување на општата состојба и исчезнување на некои симптоми на болеста. Диуретскиот ефект е пропратен со зголемено исфрлање на урина, мочна киселина и хлориди. Чајот за бубрези поседува спектар на корисни дејства и може долготрајно да се употребува.
Бела бреза
Листовите главно се користат како диуретско средство. Клинички е потврдено, дека со користење на бела бреза; се зголемува исфрлувањето на урина и отоците исчезнуваат. Дејството на листовите се користи при заболувања на уринарните и половите органи и при ревматизам.
Позната е и употребата на листовите како антиинфламаторно и витаминско средство.
Се применуваат при акутна треска како средства за потење, кои ги намалуваат отоците од бубрежна и срцева природа, при ревматизам и повредени зглобови.
Листовите исто така се користат при хроничен пиелонефритис, циститис, камења во уринарниот систем, хроничен холециститис.
Магдонос
Во текот на многу векови магдоносот се употребувал при нарушувања на варењето, при камења во жолчката и бубрезите, при срцеви отоци, за подобро варење на храната, при нарушувања во менструалниот циклус, простатитис.
Со клинички испитувања утврдено е дека, магдоносот има изразено диуретско дејство. Врз основа на тоа, магдоносот се користи при намалена диуреза и при функционални заболувања на мочниот меур.
Магдоносот е ефикасен и при срцева декомпензација. Тоа е условено од диуретското и холагогното дејство на магдоносот, што ја намалува појавата на застој.
Магдоносот има ефект на детоксификација. Тоа дејство се изразува преку засилениот транспорт на течности од ткивата и лимфната дренажа. Засилениот проток на течности ги отстранува токсичните материи, насобрани во клеточната средина.
Брусница
Оваа билка ги закрепнува ѕидовите на крвните садови, ја намалува пропустливоста и кревкоста на капиларите, има изразено антиинфламаторно и антисептичко дејство.
Основни дејства на листовите од брусница се: диуретско, дезинфекциско, холагогно (излачување на жолчка). Покажано е, дека листовите од брусница ја зголемуваат ефикасноста на антибиотиците и ја стимулираат фагоцитозата. За засилување на диуретското дејство брусницата се користи заедно со други растителни компоненти.
Најмногу помага при: камења во уринарниот систем, гихт, дијабетес, воспалителни заболувања на бубрезите, мочните патишта, мочниот меур (хроничен пиелонефритис, циститис, нефритис) и т.н.
Во народната медицина листовите од брусница се употребуваат при простатитис, за симнување на отоци од различен карактер. Во експерименталните испитувања од последните години покажана е уникатната способност на листовите од брусница да ги чистат и нормализираат ѕидовите на големите крвни садови. Тоа може да биде корисно кај луѓе со атеросклероза и кај оние, кои се во ризична група.
Карликова палма
Плодовите од карликова палма се користат како диуретско и антисептично средство при заболувања на мочните патишта.
Елеутерокок
Елеутерококот спаѓа во „класични адаптогени„. Го поддржува имунолошкиот статус, ја зголемува мускулната и умствената работоспособност, го подобрува снабдувањето на мозокот со крв, има антиоксидантно дејство и т.н.
Вклучувањето на елеутеркокот во оваа формулација е засновано на податоците, кои ја потврдуваат неговата способност за зголемување на имунитетот на организмот, а во случај на развивање на болест да се избегнат компликациите и брзо да закрепне организмот.
Зошто да користите Cystofit forte:
- помага при воспаленија на уринарните патишта, особено при циститис и простатитис;
- учествува во отстранувањето на токсини од организмот;
- помага да се намали задршката на течности во телото, а со тоа спречува создавање на отоци од различен карактер.
Препорака за примена:
Возрасни и деца постари од 14 години – по 2 до 4 таблети на ден, за време на оброк.
Времетраење на континуирана примена – 1 месец.
Контраиндикации: Индивидуална неподносливост на состојките на препаратот, бременост и доење, зголемена нервна раздразнетост, употреба на препаратот навечер, зголемен крвен притисок. Пред употреба неопходна е консултација со лекар.
Пакување:
30 таблети
Рок на траење:
2 години
Чување:
На температура до 25С, на суво и темно место.
Да се чува надвор од дофат на деца.





