FORTINN GEL COLD 100ml / Фортин гел колд/
Со ефект на ладење содржи висока концентрација на активни компоненти: екстракт од мајчина душица (Thymus vulgaris), екстракт од ајдучка трева (Achillea millefolium), ментол, камфор, метил салицилат, пантенол и витамин Б комплекс, кои по нанесувањето постигнуваат пријатен чувство на ладење и освежување, обезбедувајќи постепено намалување на воспалението и болката на местото на болеста или повредата.
Fortinn® гел COLD ја подобрува циркулацијата на крвта во областа на која се нанесува, го намалува воспалението, отокот, грчењето на мускулите и ја зголемува подвижноста на зглобовите, а благодарение на пантенолот и бисабололот придонесува за зголемена влажност и регенерација на кожата над болното место.
Состав:
екстракт од мајчина душица (Thymus vulgaris), екстракт од ајдучка трева (Achillea millefolium), ментол, камфор, метил салицилат, пантенол и витамин Б комплекс (Б1, Б5, Б6).
Во кои услови се препорачува употреба на Fortinn® гел COLD?
- Болести предизвикани од ревматски состојби
- Болка во мускулите, лигаментите и зглобовите
- Болка и вкочанетост во вратот и грбот
- Нарушена подвижност на зглобовите
- Спортски повреди на колена, рамења, колкови (исчашувања, дислокации, истегнување)
Зошто Fortinn® гел COLD? - Ефикасно ја ублажува болката во мускулите и зглобовите
- Ги намалува симптомите на воспаление и вкочанетост во грбот, вратот и рамената
- Го забрзува закрепнувањето по спортски повреди
- Ја подобрува подвижноста на заболените делови од телото
- Создава пријатно чувство на ладење на местото на апликација
- Брзо се апсорбира и лесно се нанесува
- Безбедна долгорочна употреба
Начин на примена:
Нанесете мала количина гел на саканото место и нежно втријте го гелот во кожата со кружни движења. Гелот лесно се нанесува и брзо се апсорбира. Постапката може да се повтори неколку пати во текот на денот, по потреба.
Забелешки: Не се препорачува употреба на гелот кај луѓе кои се преосетливи на која било состојка во препаратот.





