Hepten течни капсули, 30x930mg

575 ден

Помага црниот дроб и жолчката да функционираат правилно. Силимаринот помага во регенерацијата на црниот дроб.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Hepten течни капсули, 30x930mg/

Состав:

Една течна капсула (Solucaps) Hepten содржи стандардизиран екстракт со висок квалитет од Sylibum marianum 125 mg, што е 100 mg силимарин. Силимарин, пак, е мешавина на изомерни флавоноидни соединенија (силибинин, силикристин и силидианин). Процесот на стандардизација ја обезбедува чистотата и ефикасноста на секоја капсула Hepten.

Зошто Hepten е толку посебен?

Hepten се разликува од другите препарати по квалитетот на состојките, начинот на екстракција и фармацевтската форма. Фармацевтската форма Solucaps е заштитен знак. Бидејќи силимарин полека се апсорбира од гастроинтестиналниот тракт по орална администрација, solucaps формата овозможува брза и целосна апсорпција на активните состојки.

Дали има какви било други корисни ефекти?

Hepten има корисен ефект врз оштетувањето на црниот дроб и жолчното кесе. Силимаринот со својот механизам на дејство има способност да помогне во регенерација на црн дроб.

Дозирање:

Препорачуваме 1-3 solucaps дневно по оброк. Дозата е индивидуална. Кај тешки оштетувања на црниот дроб, дозата од 1 solucaps се започнува три пати на ден и продолжува со доза два пати на ден по 1 solucaps. Hepten може да се комбинира со други хепатопротективни средства. Hepten Solucaps се земаат цели со малку вода без џвакање.

Како да се користи кај децата?

Се зема 1 -2 Solucaps дневно, во зависност од возраста и тежината на детето. Дневната доза за деца е 5 mg / kg телесна тежина, поделена на 2-3 администрации.
Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Кога да се очекува ефектот?

Ефектот не се јавува веднаш. Според научното и клиничкото искуство, подобрувањето се забележува после 8 до 12 недели.

Колку долго треба да продолжи да се зема?

Приемот трае најмалку 6 месеци. Ако е потребно, курсот може да се повтори.

Hepten е заштитен знак на Borola. Производот е произведен во Франција во согласност со највисоките барања на Добрата производна пракса.
Да се чува на суво, недостапно место за деца на температура под 25 ° C. Hepten е додаток на исхранта .