За што е наменет MaxMedica Имуно Комплекс Макс?
Имуно Комплекс Макс е додаток во исхраната кој содржи витамин Ц, цинк, бакар, селен и бета-глукан (β-глукан). Витаминот Ц и микроелементите цинк, бакар и селен се неопходни за човечкото тело и мора да се земаат со храна или преку додатоци на исхрана, бидејќи не се создаваат во човечкото тело. Бета-глуканот е ферментирано диетално влакно, а соодветното внесување на ферментирани диетални влакна е важно за физиолошката функција на имунолошкиот систем.
Сите овие состојки на Имуно Комплекс Макс дејствуваат синергистички во одржувањето на физиолошката антиоксидантна одбрана на организмот и физиолошката функција на имунолошкиот систем.
Пакување: 20 ќесички
Како дејствува Имуно Комплекс Макс?
Имуно Комплекс Макс придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и ги штити клетките од оксидативен стрес. Витаминот Ц и бакарот придонесуваат за нормален метаболизам на енергијата. Витаминот Ц има улога и во создавањето колаген за нормална функција на ‘рскавиците, кожата, коските, забите, непцата и крвните садови и придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста. Бакарот придонесува за нормална функција на нервниот систем и нормален транспорт на железо во телото. Селенот придонесува за нормална сперматогенеза. Цинкот придонесува за нормална плодност и репродукција, нормален киселинско-базен метаболизам и нормален метаболизам на јаглехидрати и макронутриенти.
Примена и употреба
Се преопрачува примена на Имуно Комплекс Макс при:
- хроничен замор
- исхрана заснована на високо обработена храна (исхрана со недостаток на витамин Ц, цинк, бакар, селен и диетални влакна)
- долготрајна изложеност на загадувачи во животната или во работната средина
- акутни инфекции на респираторниот тракт
- долготраен престој во простории со неколку лица во текот на сезоната на акутни респираторни инфекции
- акутни инфекции на други телесни локализации
- хронични инфекции
Се употребува 1 ќесичка дневно, наутро на празен стомак половина час пред појадок или навечер пред спиење. Содржината на ќесичката се раствора во половина чаша вода и се пие веднаш. Производот е наменет за возрасни лица.
Нутритивни вредности и состав
Активни состојки | 1 кесичка | NRV* |
Сув екстракт од плод од ацерола (Malpighia glabra) стандардизиран на 25% витамин Ц
· од тоа витамин C |
1200 mg
300 mg |
375% |
Сув екстракт од буковка (Pleurotus ostreatus) стандардизиран на 35% бета глукан
· од тоа бета глукан |
300 mg
105 mg |
– |
Цинк (во облик на cink-glukonat) | 10 mg | 100% |
Бакар (во облик на bakar(II)-glukonata) | 1 mg | 100% |
Селен (во облик на L-selenometionina) | 55 µg | 100% |
NRV*- Нутритивна Референтна Вредност
“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”