JAMIESON VITAMIN C 500mg – Џејмисон Витамин Ц 500мг
Производот JAMIESON VITAMIN C 500mg ја илустрира иновацијата на Jamieson производите и грижата за крајниот корисник.
Производ со аскорбинска киселина.
Витаминот Ц е витамин растворлив во вода, а прекумерното количество во телото се излачува преку урината.
Лабораториите Jamieson се погрижиле крајниот корисник да добие оптимална ефективна количина на витамин Ц (аскорбинска киселина) и затоа развиле уникатна технологија која обезбедува максимална апсорпција на производот (над 80%).
JAMIESON VITAMIN C 500mg:
- придонесува за правилно функционирање на имунолошкиот систем
- придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста
- придонесува за функционирање на нервниот систем и нормалната психолошка функција
- потребен е за правилно функционирање на крвните садови
- придонесува за оптимален раст на коскениот колаген, ‘рскавицата и непцата
- ги штити клетките од оксидативниот стрес и ја зголемува апсорпцијата на железото.
Пакување: 72 обложени таблети
VITAMIN C 500mg – Состав:
1 обложена таблета содржи:
Витамин Ц (аскорбинска киселина) …………………………………………………500 mg
Останати компоненти: целулоза, модифицирана целулозна гума, растителен магнезиум стеарат, растителна стеаринска киселина, силика, хидроксипропил целулоза, водорастворлива целулоза, бразилски палма восок.
- Начин на употреба : 1 до 4 обложени таблети во тек на едно деноноќие.




