Направете ја нарачката во наредниве 15 hours 1 minute и изберете БЕСПЛАТЕН ПРОИЗВОД! САКАМ ГРАТИС

Kardiol, 30 ednodozni kesi

Бренд:

1,430 ден

Кардиол е додаток на исхрана на база на коњак глукоманан и црвен ферментиран ориз, кој допринесува за одржување на нормални концентрации на холестеролот во крвта.

30 еднодозни ќесички

Количина:

Опис

Кардиол е додаток на исхрана на база на коњак глукоманан и црвен ферментиран ориз, кој допринесува за одржување на нормални концентрации на холестеролот во крвта.

Што е холестерол?

Холестеролот е вид на липид кој организмот го создава во црниот дроб и се внесува со исхраната. Тој е природна компонента во крвта, но само во одредени физиолошки концентрации. Зголемените концентрации на холестерол во крвта се опасни за здравјето и претставува еден од ризик факторите за болести на срцето и крвните садови, инфаркт и мозочен удар.

Состав:

Една ќесичка содржи: сув екстракт од корен на Amorphophallus konjac K. Koch, ssp. Amorphophallus japonica, стандардизиран на 96% влакна, 2.00 g и сув екстракт од црвен ориз, кој одговара на доза од 5 mg монаколин К.

Други состојки: глукоза монохидрат, регулатори на киселост: натриум хидрогенкарбонат и лимонска киселина, арома, средство против згрутчување: магнезиум оксид, засладувач: стевиа гликозиди.

Што е LuraLean®(екстракт од корен на растението Amorphophallus japonica)?

LuraLean® е високопречистено природно диететско влакно, глукоманан, со голема моќ на врзување на течности, масти и холестерол. Претставува концентриран извор на диететски влакна. Механизмот на дејство на глукоманан се должи на фактот што во присуство на вода набабрува, формирајќи гел структура. На овој начин LuraLean® ја намалува интестиналната ресорбција на холестеролот и ја стимулира неговата трансформација во жолчните киселини, кои потоа се излачуваат од организмот.

Што е црвен ориз?

Црвениот ориз се добива со процес на ферментација на ориз со помош на квасецот Monascus purpureus. Црвениот ориз традиционално се употребува во Кина и во Азија како храна и растителен лек.

Што е монаколин К од екстракт од црвен ориз?

Монаколин К е природен инхибитор на хидроксиметилглутарил-СоА редуктази, ензими кои ја контролираат синтезата на холестерол во црниот дроб. Припаѓа на групата соединенија познати под името монаколини. Од 15 вида монаколини, во црвениот ориз доминира монаколин К, познат и под името мевинолин или ловастатин. Оваа супстанција е клучна за дејството на црвениот ориз за намалување на концентрациите на вкупниот холестерол, лошиот” LDL-холестерол и триглицеридите во крвта.

Дејство:

 

    • Монаколин К од црвениот ориз придонесува за одржување на нормални концентрации на LDL-холестерол во крвта.
    • Коњак глукоманан придонесува за одржување на нормални концентрации на холестерол во крвта.

 

    • Коњак глукоманан во контекст на енергетска-рестриктивна диета придонесува за намалување на телесната тежина.

Дејството се постигнува со дневно внесување на 10 mg монаколин К од црвен ориз и 4 g коњак глукоманан.

Намена:

Кардиол е наменет за возрасни лица со зголемени концентрации на холестерол.

Како се употребува Кардиол?

Пред оброк разматете ја содржината на 1 ќесичка прашок во минимум 200-250 ml вода и испијте ја течноста за време до 2 минути, бидејќи потоа преминува во гел структура. Препорачана дневна доза е 2 ќесички на ден.

Не ги употребувајте додатоците на исхрана како замена за храна.

За дополнителни информации обратете се кај Вашиот фармацевт или лекар.

Предупредувања и несакани дејства

Не употребувајте Кардиол доколку сте чувствителни на некоја од неговите состојки.

Не се препорачува за деца, бремени жени и доилки, како и на лица кои имаат потешкотии со голтање. Доколку земате било каков лек или имате било каков здравствен проблем, пред употреба консултирајте се со вашиот лекар. Не се препорачува при активни болести на црниот дроб и постојано зголемени концентрации на серумски аминотранферази. Да не се употребува заедно со лекови за намалување на масти. Да не се употребува со сок од грејпфрут. Во случај да не се внесат препорачаните количини на вода постои опасност од гушење.

Можна е појава на миопатија која се манифестира како болка во мускулите, осетливост или слабост со зголемена концентрација на креатин кинази.

Предозирање

Придржувајте се до дозирањето дадено во упатството.

Ако земете поголема доза консултирајте го својот лекар или фармацевт.

Како се чува Кардиол?

Да се чува на суво место во оригиналното пакување на температура од 15 до 25°C.

Чувајте го на места недостапни за деца!

Пакување

30 еднодозни ќесички х 5 g во картонска кутија.