ANGIO NANO VIT A

800 ден

ANGIO NANO VIT A – Се препорачува за: секојдневна нега на чувствителна кожа, склона на розацеа и купероза и кожа со фрагилни капилари.

Нема на залиха

ANGIO NANO VIT A

Strenghtening and nourishing day cream SPF 20 + IR

Зајакнувачки и потхранувачки крем со SPF 20 + IR. Обезбедува интензивна регенерација и заштита, ја зајакнува чувствителната кожа склона на розацеа со тенденција кон хиперактивност, пајачни вени и еритема.

Го намалува и спречува постоечко црвенило и оток. NeutrazenTM невропептид ја намалува епидермалната хиперактивност и капиларната дилација. Во комбинација со Алантоин, ги смирува иритациите и го намалува црвенилото.

Ја храни и хидрира кожата, го обновува нејзиниот здрав изглед. Кокосовото масло, богато со масни киселини и минерали, во комбинација со витамин А, Е и Ц, ја подобрува состојбата на епидермалните клетки, го омекнува епидермисот и обезбедува интензивна хидратација. Покрај тоа, тие ја осветлуваат кожата и го изедначуваат тенот.

Ја штити кожата од прегревање. Physavie делува против прегревање на кожата добиено при изложеност на инфрацрвено зрачење и ја регулира реакцијата на кожата на температурата.

Олеснува регенерација на епидермисот, ја зголемува флексибилноста и ги успорува процесите на стареење на кожата. Витаминот А „затворен“ во нанозомите навлегува во длабоките слоеви на епидермисот. Тоа значително ја подобрува еластичноста и хидратацијата, ги неутрализира слободните радикали и го олеснува обновувањето на клетките на кожата, забрзувајќи ги нејзините авто-заздравувачки својства.

  • Безмасен филм на кожата
  • Содржи фотофилтри UVA, UVB SPF 20 + IR
  • Некомедоген

Се препорачува за: секојдневна нега на чувствителна кожа, склона на розацеа и купероза.

Упатство за употреба:

Нанесете рамномерен слој од производот на исчистената кожа на лицето, вратот и деколтето и оставете додека не се апсорбира.

ХИПОАЛЕРГЕНО, КЛИНИЧКИ ТЕСТИРАНО

Досега немате прегледано ниту еден производ.