Normia Baby / Normia bejbi / Нормиа бејби /
Пробиотски капки за бебиња од првиот ден од животот, ефикасни за дијареа, колика, при употреба на антибиотици и за зајакнување на имунолошката одбрана.
Генеричко име/состав
Lactobacillus rhamnosus GG® и Bifidobacterium, BB-12™
Што е тоа и за што се користи
NORMIA® е додаток во исхраната наменет за деца од првиот ден од животот, возрасни, трудници и доилки. NORMIA® содржи специјално избрани бактериски култури на Lactobacillus rhamnosus, LGG® и Bifidobacterium, BB-12TM живи бактерии способни за репродукција. Се користи за грчеви, дијареа, при давање антибиотици и за зајакнување на имунолошката одбрана.
Предупредување
По отворањето, користете го производот во рок од 28 дена.
Состав
Сончогледово масло, бактериски култури: Lactobacillus rhamnosus, LGG® и Bifidobacterium, BB-12TM; антиоксиданс: алфа-токоферол.
Упатство за употреба
Деца од првиот ден од животот:
6 капки еднаш дневно најмалку 2 недели.
За време на употребата на антибиотици, земајте 6 капки дневно за време на антибиотската терапија и една недела по завршувањето на антибиотската терапија.
Добро протресете го шишето NORMIA® Baby капки пред употреба. Капките може да се користат сами или да се додадат во храна или пијалок на собна температура. Кога истовремено користите NORMIA® Baby капки и антибиотици, пијте ги со растојание од најмалку 3 часа.





