Што претставува Osteobor Forte?
Osteobor Forte е рационална комбинација од природни производи, кои обезбедуваат добра здравствена состојба на коскениот систем.
Што е рационално при изборот на состојките?
За спречување на остеопорозата е неопходна рационална комбинација од состојки кои ја спречуваат коскената загуба, ги обновуваат коскените минерали и микроструктура и ја зголемуваат коскената густина. Таква комбинација е Osteobor Forte која содржи калциум, иприфлавон, метилсулфонилметан, аскорбинска киселина, витамин D3, магнезиум, L-лизин, екстракт од Equisetaceae, цинк и пиридоксин. Тие меѓусебно се надополнуваат и го засилуваат ефектот.
Која е улогата на одделните состојки?
Иприфлавон е едно од ретките природни супстанции што може да го запре развојот на остеопорозата, да ја зачува коскената густина и минерализација. Ја инхибира коскената ресорпција без да се набљудуваат несакани ефекти на хормоно-супституциониот третман со естроген. Osteobor Forte содржи формула на калциум која лесно се апсорбира. Метилсулфонилметан (МСМ) е важен за формирањето на колагенот и за одржување на коските, зглобовите, лигаментите и тетивите здрави.Ја ублажува болката и го намалува воспалението на зглобовите. Витамин D3 ја зголемува апсорпцијата на калциум и доведува до зголемување на густината и цврстината на коските. Аскорбинската киселина е потребна за синтеза на коскеното ткиво како на пр. колаген. L-лизин е незаменлива аминокиселина која ја засилува апсорбцијата и го намалува излачувањето на калциумот. Помага за создавање на колагенот и обновување на ткивата. Екстрактот од Equisetaceae содржи големо количество силициум, кој помага во обновувањето на сврзното ткиво. Заедно со магнезиумот, цинкот и пиридоксинот се потребни за правилно искористување на калциумот.
Како дејствува Osteobor Forte?
Osteobor Forte помага за намалување на ризикот и борба против остеопорозата. Ја зголемува густината и цврстината на коските, минерализација и правилно искористување на калциумот, ја инхибира коскената ресорпција, ја ублажува болката и го намалува воспалението на зглобовите.
Кога да користиме Osteobor Forte?
Секоја жена над 35 – 40 година има потреба од Osteobor Forte.
Osteobor Forte може да се користи во сите видови на остеопороза – жени во менопауза (40-60), сенилна остеопороза (мажи и жени над 60 година) и кај стероидиндуцирана остеопороза.
Како да го употребуваме Osteobor Forte?
За намалување на ризикот од остеопороза се земаат по 1-2 капсули дневно за време на оброк. Дневната доза кај докажана остеопороза поради менопауза е 2 капсули, при сенилна остеопороза – 1 капсула, а при стероидиндуцирана – 2 капсули.
Како да се чува Osteobor Forte?
На суво место на температура под 30˚С, недостапно за деца.
Osteobor® е заштитен знак на фирмата БОРОЛА. Продуктот е произведен во САД во согласност со највисоките барања на Добрата производна пракса. Osteobor Forte е додаток во исхраната.
Остеопороза
Што е остеопороза?
Остеопорозата е прогресивно метаболна болест на скелетот, при што се намалува коскената густина и се нарушува микроструктурата на коскеното ткиво. Ова води до зголемена коскена кршливост и последователно зголемен ризик од фрактури. Губење на коскената маса започнува од 40 годишна возраст и е различна кај мажите и жените. Скелетот е биолошки активна структура во која во текот на целиот живот се врши процес на коскено ремоделирање – формирање и разградување на коскената маса. Рамнотежата меѓу овие два процеси е многу важна за обезбедување постојаност на коскената маса и отпорност на коскеното ткиво. При нарушување на таа рамнотежа коскената густина се намалува како резултат на формирање на пори, пукнатини или шуплини во коските.
Честа болест ли е остеопорозата?
Остеопорозата е најчестото заболување на скелетот. Според СЗО остеопорозата е едно од заболувањата со голема медицинска и социјална важност. Остеопорозата се забележува почесто кај жени, така што фреквенцијата се зголемува со текот на годините и особено во периодот на менопаузата.
Колку видови остеопороза има?
Остеопорозата условно се дели на три вида:
- менопаузалните – кај жени меѓу 40 – 60 година
- сенилна (постари) – мажи и жени над 60 г.
- остеопороза, условена од подолг прием на кортикостероиди во високи дози (стероидиндуцирана остеопороза)
Кои се знаците на остеопорозата?
Остеопорозата се нарекува “тивка епидемија”. Намалувањето на коскената густина не е придружено со болка и може да остане незабележaно со години. Најчестите знаци се нетипични болки во грбот, зглобовите и коските. Обично остеопорозата е поврзана со промена во рбетот (искривување на ‘рбетниот столб) и намалување на растот (компресиони фрактури). Најсериозната последица е кршење на грлото на колкот.
Како се открива остеопорозата?
За поставување на дијагноза се користат различни методи – клинички и лабораториски испитувања, радиографија, остеодензитометрија (мерење на коскената густина) и др. Најголемо значење има остеодензитометријата, при што целта е откривање на намалена коскена густина, проценка на идниот ризик од фрактури и следење на ефектите од терапијата.
Кои се можностите за борба против остеопорозата?
Борбата против остеопорозата е комплексна. Вклучува целосна исхрана, физичка активност и употреба на некои лекови и природни производи. Употребените средства за лекување на остеопорозата може да се поделат на две основни групи:
- производи, супресанти на коскената ресорпција
- средства, стимулирачи на формирањето на коските
Важно значење кај остеопорозата има профилаксата и раното нејзиното дијагностицирање.
Што да се избере – третман или превенција?
Основна цел на превенција и третман на остеопорозата е превенција на фрактури.
Профилаксата и лекувањето на остеопорозата се состојат во зголемување на коскената густина во периодот на скелетната зрелост, спречување на коскената загуба и за обновување на коскените минерали и структура кај веќе очигледна остеопороза. При докажана остеопороза може да се зголеми коскената густина, но не и целосно да се опорави првичната коскена микроструктура и цврстина. Освен тоа остеопорозата е подмолна болест, која се одвива асимптоматски. Може да поминат многу години пред таа да биде откриена, како резултат на што, последиците да се фатални. Исто така лековите кои се користат за лекување на остеопорозата се многу скапи и во многу случаи недостапни за голем дел од населението. Затоа превенцијата на остеопорозата е многу поефикасен пристап отколку нејзиното лечење.
Кои се ризичните фактори за остеопороза?
Ризичните фактори за остеопороза се наследната предиспозиција, рана менопауза под 45 години, неактивен начин на живот, ниска содржина на калциум во организмот, неправилна и лоша исхрана, мала телесна тежина, фрактури по 40 годишна возраст, долготрајна терапија со кортикостероиди во високи дози, пушење, употреба на кафе и алкохол.
Корисни совети за спречување на остеопорозата
- движете се активно
- зголемете внесувањето на храна богата со калциум и витамин D
- по можност намалете го внесот на шеќер, сол и масти
- откажете се од пушењето
- намалете употреба на алкохол и кафе
- започнете профилакса навреме (35 – 40 годишна возраст)
- консултирајте се со вашиот лекар за остеопорозата
- обидете се да го намалите стресот





