Pea Max /
Pea Max е формулиран врз основа на палмитоилетаноламид (ПЕА), алфа-липоична киселина во гастроотпорна форма и супероксид дисмутаза, со додавање на витамини Б12, Б6 и Б1. Наменет е за ублажување на хроничната болка, која се јавува како резултат на хронични воспалителни болести и состојби.
Палмитоилетаноламид (ПЕА) може да ги ублажи воспалителните процеси и болката со инхибиција на ослободувањето на проинфламаторни молекули, регулирање на активноста на микроглијалните клетки (намалување на прекумерната микроглијална активност поради хронично активирање на овие клетки или хронично воспаление) и индиректно активирање на ендоканабиноидниот систем (според по својата хемиска структура и метаболизам, тој е сличен на ендоканабиноидите, кои се врзуваат за CB1 и CB2 рецепторите одговорни за контролирање на болката, воспалителните процеси, когнитивните и моторните функции).
Алфа-липоевата киселина делува како антиоксиданс (ги штити клетките од штетното влијание на слободните радикали или оксидативниот стрес) и како кофактор учествува во голем број метаболички реакции и производство на биолошка енергија.
Супероксид дисмутазата има антиинфламаторно (ги смирува воспалителните процеси) и антиоксидантно дејство.
Витамините Б12, Б6 и Б1 придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем и одржување на нормален енергетски метаболизам.
Индикации:
Се препорачува употреба на капсули Pea Max при:
Хронична болка предизвикана од хронично воспаление
Централна и периферна невропатска болка како резултат на:
– Невродегенеративни заболувања (Паркинсонова болест, Алцхајмерова болест, Мултиплекс склероза, Амиотрофична латерална склероза (АЛС))
– Мозочен удар и траума на ЦНС
– Невралгија
– Вирусни инфекции на нервниот систем (Херпес Зостер, ХИВ)
Хронична туморска болка
Фантомска болка
Пакување: 30 капсули
Начин на употреба: 1-2 капсули дневно, 3-6 месеци континуирано.
Состав на производот:
Активни состојки | 1 капсула | NRV*/PDU** | 2 капсиули | NRV*/PDU** | 100 g производ |
Палмитоилетиноламид | 400 mg | / | 800 mg | / | 42,33 g |
Алфалипоинска киселина | 300 mg | / | 600 mg | / | 31,75 g |
Супероксид – дисмутаза (superoksid dismutaza) | 70 IU*** (3, 5 mg) | / | 140 IU*** (7 mg) | / | 7407 IU*** (0,37 g) |
Витамин Б12 (метилкобаламин) | 300 µg | 12000% | 600 µg | 24000% | 31,75 mg |
Витамин Б6 (пиридоксин – hidroхидрохлорид) | 3 mg | 214% | 6 mg | 428% | 320 mg |
Витамин Б1 (тиамин – хидрохлорид) | 3 mg | 273% | 6 mg | 545% | 320 mg |