Rhinostop таблети
Риностоп брзо и ефикасно ги ублажува симптомите на настинка и грип (и ги спречува симптомите на алергиски ринитис), меѓу кои:
- зголемена секреција од носот,
- кивање,
- затнатост на носот и синусите,
- црвенило на носот и очите,
- насолзени кои кои чешаат,
- главоболка,
- болка во синусите,
- болка во грлото,
- болка во мускулите и зглобовите,
- висока телесна температура,
- општа слабост.
Rhinostop е внимателно дизајниран повеќе компонентен лек, првенствено со цел брзо и ефикасно да ја подобри здравствената состојба на пациентот, и да му овозможи побрзо враќање кон нормалното функционирање и извршување на секојдневните активности.
Во извршените клинички студии Rhinostop® докажа значително поголема ефикасност т.е. делување на поширок спектар на симптоми во однос на монокомпонентните препарати (на пр.парацетамол 500 mg).
Во испитувањето кое се однесува на отстранување на водечките симптоми на настинка (температура, главоболка,болка во подрачјето на лицето, отечени очни капаци, затнатост на носот,течење од нос,црвенило и оток на носните школки) Rhinostop делува на сите испитувани симптоми и е докажан како ефикасен во поглед на сите анализирани параметри.
Според субјетивната проценка на пациентите и објективната проценка на докторите, Rhinostop е оценет како подобар и прифатлив лек во третман на настинка.




