Ruski balzam 200ml

320 ден

За ублажување на мускулно-скелетните болки, напнатост и вкочанетост на зглобовите, проследени со оток. Помагаат при остеопороза, спортски повреди, грчеви на мускулите, вкочанет врат, болки во грбот

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Ruski balzam 200ml/ Руски Балзам е производ формулиран на база на капсаицин, изолиран од плодот на лута пиперка, кој што манифестира локално антифламаторно дејство. Ја подобрува циркулацијата на местото на нанесување, што доведува до зголемување на локалниот проток на крвта, а тоа предизвикува пријатно чувство на загревање.
Руски Балзам се користи за ублажување на мускулно-скелетните болки, напнатост и вкочанетост на зглобовите, проследени со оток. Помагаат при остеопороза, спортски повреди, грчеви на мускулите, вкочанет врат и болки во грбот (лумбален синдром). Поради долготрајниот топлотен ефект, помагаат кај сите ревматски тегоби што се посебно изразени во постудениот дел од годината.
Масажата дополнително ја подобрува стимулацијата на рецепторите, а со самото тоа го подобрува снабдувањето со крв на ткивата и ја забрзува елиминацијата на токсичните продукти од мускулите и околното ткиво. Затоа особено се препорачува примена на Руски Балзам, зашто со загревање на болното место во комбинација со локалната масажа се постигнува потенцирање на дејството на капсаицинот, ама и позитивно се влијае на мускулниот тонус на воспалената регија и ја стимулира миорелаксацијата.

Состав:

  • етерично масло од зеленика
  • етерично масло од еукалиптус
  • етерично масло од лаванда
  • етерично масло од рузмарин
  • камфор

Капсаицинот се врзува за специфични рецептори, чувствителни на надворешни дразби и висока температура, создавајќи нервен импулс којшто во мозок се интерпретира како печење и чувство на боцкање. Ова на одреден начин доведува до „залажување“ на мозочните сензорни зони, како и до зголемување на прагот на толеранција на болка. Со континуирана, локална примена, капсаицинот доведува до смалување на чувството на болка и воспаление.

Формулата е пополнета со етерично масло од зимзелени кое е богат природен извор на метил салицилат и дејствува како природен аналгетик. Употребен на болното место значително придонесува за смалување на болката кај сите мускулно-скелетни проблеми, проследени со оток.

Се препорачуваат при:

  • ревматски тегоби, грчеви и болки во мускулите
  • напнатост и вкочанетост во зглобовите
  • ослабена периферна циркулација