Сода бикарбона е класа А сода, нетоксична, без алуминиум, со висок степен на чистота од 99,89% и сертификат за перорална употреба. Има широка примена во секојдневието како најбезбеден извор на сода бикарбона. Пред се претставува природен регулатор на киселоста, односно претставува наједноставен начин да се решите од желудочната киселина и тешкото варење на храната. Ги отстранува пестицидите од овошјето и зеленчукот, претставува природно решение за избелување на забите, природна замена на домашните детергенти, природен дезодоранс против прекумерно потење, го ублажува чешањето на кожата при убод од инсекти, помага при вагинални инфекции како што е кандидата, ги намалува симптомите предизвикани од габични инфекции на кожата и ноктите, како и за нега на стапалата и неутрализација на непријатниот мирис.