STREPSILS PLUS x 16 пастили

215 ден

За олеснување на симптоми при воспалителни заболувања на усната шуплина и фаринксот (болки во грлото, засипнатост, рани, гингивитис)

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

STREPSILS PLUS x 16 пастили/

Една пастила содржи: Лековити супстанции: дихлоробензенметанол 1,2 mg, амилметакрезол 0,6 mg, лидокаин хидрохлорид 10,0 mg Помошни состојки: винска киселина, сахарин натриум дихидрат, левоментол, масло од пеперминт, масло од ѕвезден анасон, синоголин од течна жолта боја.

Се користи за лекување на воспалителни заболувања на усната шуплина и фаринксот (болки во грлото, засипнатост, рани, гингивитис). Strepsils plus пастилите може да ги користат возрасни и деца од 12-годишна возраст.

Контраиндикации Производот не смее да се користи во случај на преосетливост на некоја од неговите компоненти. Пациентите со дијабетес мора да се консултираат со својот лекар за соодветноста на Strepsils plus. Препаратот не е наменет за деца под 12 години, бремени жени и доилки.

Растопете по една пастила полека во устата на секои 2 часа по потреба. Не треба да се смукаат повеќе од 8 пастили во кој било период од 24 часа. Доколку симптомите перзистираат повеќе од два дена придружени со треска, главоболка или гадење консултирајте се со вашиот лекар.
Чувајте ги под 25 Целзиусови степени.