SYNERGY FERROFECT

630 ден

Железото е неопходен минерал за здравјето на луѓето. Toј учествува во создавање на црвени крвни клетки и хемоглобинот, протеин одговорен за транспорт на кислород до ткивата на организмот. Неопходен е за нормална функција на имунолошкиот систем, когнитивен развој, кардиоваскуларно здравје, против замор и исцрпеност.

Нема на залиха

SYNERGY FERROFECT

БРЗ И БЕЗБЕДЕН ТРЕТМАН НА ЖЕЛЕЗО ДЕФИЦИТАРНА АНЕМИЈА

Што претставува Ferrofect® – (Ferrous bisglycinate complex)?

Супериорна формула која нуди безбедна и ефикасна нутритивна поддршка на органско железо.

Железото е неопходен минерал за здравјето на луѓето. Toј учествува во создавање на црвени крвни клетки и хемоглобинот, протеин одговорен за транспорт на кислород до ткивата на организмот. Неопходен е за нормална функција на имунолошкиот систем, когнитивен развој, кардиоваскуларно здравје, против замор и исцрпеност.

Недостаток на железо е веројатно најчестиот недостаток на хранливи материи во целиот свет. Се проценува дека 20% луѓе ширум светот страдаат од недостаток на железо. Се препорачува кај жени со обилни менструални крварења, бремени жени и доилки , вегетаријанци, постари лица, спортисти и други состојби кога недоволно се внесува железо во организмот.

Дејство на Ferrofect® (Ferrous bisglycinate complex)

Функција на железото е повеќекратна:

  • 60-70% од вкупната количина на железо се наоѓа во хемоглобинот каде го врзува кислородот и го транспортира
  • Железото е составен дел и на миоглобинот- хемпротеин на мускулите каде истотака учествува во транспорт на кислород
  • Неопходен е за функционирање на голем број ензими кои се потребни за снабдување на организмот со енергија (цитохроми)
  • Остатокот од железото (25%) представува резерва на овој минерал и се наоѓа врзано за трансферин, феритин и хемосидерин.

Феро бисглицинат ја ужива привигелијата на додаток на исхрана со највисока апсорпција на железото.  Тоа се должи на малата и стабилна  и хелирана форма на железо бисглицинат која нема електричен полнеж и не реагира со останатите нутритиенти.

После орална администрација, железен бисглицинат се абсорбира непроменет во мукозните клетки на цревата, а потоа се хидролизира во неговите компоненти: железо и глицин. Железната компонента на феро бисглицинат се метаболизира како и секој извор на железо. Растворливоста на железото од железен бисглицинат не се менува  со промените на pH.

Биорасположивоста на железен бисглицинат е 90,9%.

Железен  бисглицинат има релативно висока биорасположивост и во присуство на диететски инхибитори како што се танини и оксалати.

Збогатување на производот со витамини и минерали овозможува во една таблета да се прими се што е потребно за максимална искористливост на железото: витаминот Ц помага во зголемена апсорпција на железото; витамините Б6 и Б12 се неоходни за размножување на клетките и создавање на црвени крвни клетки;  фолната киселина заштитува од создавање на вродени дефекти; цинкот, бакарот и манганот помагаат во клеточната делба на црвени крвни клетки и транспорт на железото низ организмот.

Предности на Synery Ferrofect (Ferrous bisglycinate complex)

  • Се апсорбира во  непроменета форма поради тоа што се мали стабилни органски молекули без јонски полнеж
  • Лесно и безбедно се апсорбира во мукозното ткиво со механизам на контолирана апсорпција (колку му е потребно на организмот)
  • Највисока апсорпција  и во присаство на фитати, танати, оксалати итн.
  • Највисока биорасположивост (90,9%)
  • Сопствена технологија на контролирано ослободување
  • Без гастрични тегоби
  • Без метален вкус
  • Поефикасен третман со пониска доза
  • Безбеден – не ја блокира апсорпцијата на др. хранливи материи
Состојка Количина
Iron (Ferrous Bisglycinate Chelate) 30 mg
Vitamin C 150 mg
Vitamin B12 25 mcg
Vitamin B6 6 mg
Folic Acid 400 mcg
Zinc 7 mg
Copper 1 mg
Manganese 1 mg
Дозирање Се препорачува 1-3 таблети за возрасни и деца над четиринаесет годишна возраст, во зависност од степенот на анемијата по препорака на лекар или фармацевт. Храната не влијае на апсорпцијата на производот што значи дека FERROFECT таблетите можат да се примаат и после јадење.