Uriprinol
Uriprinol таблетите претставуваат уникатна комбинација на есенцијални витамини и внимателно одбрани билни екстракти, со докажан ефект во намалувањето на штетните концентрации на урична киселина и можат да бидат од голема помош кај пациентите кои боледуваат од ГИХТ.
Може да помогне во одржување на нормално ниво на урична киселина, може да ја намали болката во зглобовите,посебно во стапалата кое е и предоминантно место за ГИХТ и делува инхибиторно на инфламаторниот процес.
ГИХТ претставува инфламаторен артритис кој предизвикува неподносливи болки како резултат на депонирање и кристализација на урична киселина во зглобовите, предоминантно во зглобовите на екстремитетите но и во други ткива.
Хиперурикемија, односно концентрација на урат во серумот над растворливоста на оваа супстанција, претставува најголемиот ризик фактор за појава на ГИХТ и тоа како резултат на зголемено создавањена урична киселина, попречена ренална екскреција на урична киселина или комбинација од овие три механизми.
Дополнително, пореметувањето во метаболизмот на пурини како и неадекватна концентрација на фолат во организмот може да биде ризик фактор во развојот на ГИХТ.
Сеуште не ни е позната поврзаноста на појавата на ГИХТ и недостатокот на витамин Ц, но многу клинички студии покажале дека суплементација на 500mg витамин Ц на ден и повеќе, допринесува во намалувањето на серумската концентрација на урична киселина.
Антоцијаните покажуваат и антиоксидантни особини со што делуваат инхибиторно врз циклооксигеназната активност. Поновите истражувања покажуваат дека екстрактот од цреша ја намалува концентрацијата на урат преку зголемување на гломеруларната филтрациона рата како и намалување на тубуларната реапсорпција. Конзумирањето на екстракт од монтморенси цреша можа да го намали ризикот од напад на ГИХТ кај веќе дијагностицирани пациенти.
Турмерик претставува полновреден екстракт од ризомот на растението Curcuma longa богат со голем број на куркуминоиди но доминантно со куркумин. Има потентно антиоксидантно и антиинфламаторно дејство.Може да има голема улога во намалувањето на воспалителниот процес и болката асоцирани со акутен напад на ГИХТ.
Екстрактот од зелено кафе претставува еден од најбогатите извори на хлорогенска киселина, полифенол кој е евидентиран и во Кинеската медицина по своите ефекти против ГИХТ.
Состав: Витамин Ц, екстракт од лист на банаба, екстракт од зелено кафе, екстракт од семе на целер, турмерик, екстракт од монтморенси цреша
Наменети се за:
- За оние со високо ниво на урична киселина.
- За оние кои конзумираат храна богата со пурини (црвено месо, морска храна, алкохол, шекерни пијалоци).
- За оние кои страдаат од оток, болка и црвенило на палците или страдаат од гихт.
За што се користат?
- Може да помогне во одржување на нормално ниво на урична киселина.
- Може да помогне во намалувањето на болката во зглобовите, особено на стапалата.
- Може да помогне во спречување на воспалителните процеси.
Дозирање и начин на употреба:
- Возрасни и деца над 14 год. една до две таблети на ден за време на оброк.
- Да не се надминува препорачаната дневна доза, освен ако не е така советувано од соодветно квалификувано лице.
- Без глутен, брашно, млечни производи, шеќер, сол, вештачки бои, конзерванси и вкусови.
- Додатоците во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна исхрана.





