Vitamin B6 Replek
- Pyridoxine
- Таблети 20 mg
- ATC A11H A02
- Се издава без рецепт
ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ
- хиповитаминоза и авитаминоза на витамин Б6
- невропатија
- идиопатска сидеробластична анемија
- предменструален синдром
- повраќање за време на бременост
- пореметување во метаболизмот на пиридоксин кај жени кои употребуваат контрацептиви со естрогени
- радијациска болест
- пореметување во метаболизмот на аминокиселини (цистинурија)
- полиневрит кај алкохоличари
- терапија со изониазид, хидралазин, циклосерин и пенициламин
- конвулзии на новороденче предизвикани со дефицит на витамин Б6
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
Дефицит на витамин Б6: 20-50 mg, до 3 пати на ден.
Невропатија предизвикана со изониазид: профилакса – 10 mg еднаш на ден.
Лекување – 50 mg три пати на ден.
Идиопатска сидеробластична анемија: 100-400 mg на ден, поделено во неколку дози.
Предменструален синдром: 50-100 mg на ден, поделено во неколку дози.
Повраќање при бременост: 20-100 mg на ден, поделено во неколку дози.
Пореметување во метаболизмот на аминокиселини (цистинурија): 60 mg на ден во тек на 3 недели, како и 50 mg на ден доживотно.
СОСТАВ
Vitamin B6 Replek – 1 таблета содржи 20 mg пиридоксин хидрохлорид.
ПАКУВАЊЕ
Кутија со 20 таблети од 20 mg.





