ASQUAM лосион за жени 120ml

400 ден

Против себореја, акни, фоликулитис, првут, лесни форми на псоријаза

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

ASQUAM лосион за жени 120ml/

ИНДИКАЦИИ:

Себореа, акне, фоликулитис, првут, лесни форми на псоријаза на поглавината.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Себореа на лице и на други делови на телото: нанесете еднаш до два пати на ден.

  • Акне: како самостојна терапија еднаш до два пати на ден; во комбинација со крема Проакне: навечер, на сите промени се нанесува кремата. Утредента кремата се отстранува со лосион АСКВАМ, лицето се мие со топла вода, се суши и повторно се нанесува од кремата Проакне. Постапката се повторува сè до постигнување на задоволителен резултат.
  • Себореа и псоријаза на поглавината: Лосион АСКВАМ се нанесува на сува коса два пати на ден во тек на два дена. Се нанесува доволна количина од лосионот за поглавината да е добро натопена. По два дена, косата се мие со шампон. Постапката може да се повторува се до постигнување на саканиот резултат.
  • При козметички третмани, лосионот АСКВАМ се употребува пред и по мануелна експресија на акне, пред и по депилација.

НАПОМЕНА:

Несакани дејства: Акутен контактен дерматитис и акутен алергичен дерматитис. Доколку на местата каде е нанесен препаратот се јави силен јадеж, пропратен со појава на ситни меурчиња, истиот треба да се отстрани со миење со топла вода и сапун; ако состојбата не се смирува, обратете се кај вашиот дерматолог. Внимавајте препаратот да не дојде во контакт со очите.

  • Не содржи вештачки бои и конзерванси

Состав

  • Alcohol,
  • Aqua,
  • Urea,
  • Propolis,
  • Calendula Officinalis Oil,
  • Propylene glycol,
  • Chamomilla Recutita Extract,
  • Menthol,
  • Pimpinella Anisum Extract,
  • Juniperus Communis Fruit Oil/ Cananga Odorata Flower Extract (ylang-ylang oil).
  • Прополис екстракт (Propolis extract);