БИО РЕВИТАЛ
МОЌНА АНТИОКСИДАТИВНА ФОРМУЛА
Кога создавањето на слободните радикали ги надминува одбранбените системи на организмот настанува оксидативен стрес! Органи изложени на најголем ризик се кожата и срцето. Антиоксидансите го штитат организмот од слободни радикали, забавувајќи го процесот на биолошко-клеточно стареење познато како Age-retard ефект. Биоревитал претставува моќна антиоксидативна формула која содржи полифеноли од семки од грозје, коензим Q10, редуциран глутатион, витамините C, Е и А, како и минералот селен. Секоја таблета содржи 50мг екстракт од семки од грозје, растителна состојка со силна антиоксидативна активност која ги спречува штетните последици од слободните радикали, одговорни за стареењето на клетките.
Кога и зошто се користи:
Кориснa за лица во средна возраст, пушачи и оние кои секојдневно користат голем број лекови. За лица често изложени на сонце или солариум. За активни спортисти и луѓе кои живеат или работат во загадени средини. Кај лица со кардиоциркулаторни проблеми.
Дневна Ретард формула: Се препорачува 1 таблета дневно со продолжено ослободување.
1 таблета содржи: 4000 µг коензим Q10, 4000 µг редуциран глутатион, 180 мг Витамин Ц, 30 мг Витамин Е, 800 µг Витамин А, 75 µг Селен.
Растителни компоненти: 50 мг екстракт од семки од грозје (Vitis vinifera)





