RHINOSTOP HOT ќесички x 8/ Јачина: 500 mg/60 mg, Форма: гранули за перорален раствор Пакување: 8 ќеси
RHINOSTOP HOT е аналгетик (лек за ублажување на болката), антипиретик (лек за намалување на покачената телесна температура) и назален деконгестив (лек кој ја намалува назалната конгестија).
RHINOSTOP HOT се користи за лекување на симптоми на настинка и грип.
Дозирање
Возрасни и деца над 12 години: 2-3 кесички на ден. Содржината на кесата мора да се раствори во чаша вода. Може да се користи и топла вода.
Предупредување: не надминувајте ја наведената доза без претходно да се консултирате со вашиот лекар. или фармацевт.
Деца: RHINOSTOP HOT не се препорачува за деца под 12-годишна возраст
Времетраење на терапијата
Максимум 5 дена за возрасни пациенти.
Максимум 3 дена за деца (12-18 години).
Предупредување: овој лек е наменет само за краткотраен третман.
Содржина: 1,5 g гранули за перорален раствор (1 кесичка) содржи: парацетамол 500 mg и псевдоефедрин хидрохлорид 60 mg
RHINOSTOP HOT ги содржи следните помошни материи: сахароза, лимонска киселина, вкус на тропско овошје, вкус на грејпфрут, сорбитол (Е420), аспартам (Е951), сукралоза, сахарин натриум, полисорбат 20, цвекло во прав, рибофлавин натриум фосфат.