Tabex 1.5mg / Табекс / Tabeks /
Што содржи Tabex?
– Активната супстанција е цитизин. Една филм-обложена таблета содржи 1,5 mg цитизин.
– Помошни супстанции се:
Јадро на таблета: лактоза, монохидрат; целулоза, микрокристална; талк; магнезиум стеарат.
Film Opadry II Brown 85F 26948: поливинил алкохол, делумно хидролизиран; титаниум диоксид (Е171);
макрогол 3350; талк; железо(III)-оксид, жолт (E172); железо(III)-оксид, црно (E172); железо (III)-оксид,
црвено (E172)
Што е Tabex и за што служи?
Лекот Табекс ја содржи активната супстанција цитизин, која на телото на пушачот делува на сличен начин како никотинот. Употреба на лекот
Табекс доведува до постепено прекинување на пушењето, без непријатни ефекти и непријатност што се јавува по откажување од пушењето.
Лекот Табекс е наменет за возрасни – зависни пушачи (хронични пушачи) за откажување од пушењето.
Употребата на лекот Табекс не се препорачува кај лица помлади од 18 и постари од 65 години без претходна консултација со лекар.
Бременост и доење
Доколку сте бремени или доите, не смеете да користите Tabex.
Лекот Табекс содржи лактоза, монохидрат
Во случај на нетолеранција на одредени шеќери, консултирајте се со вашиот лекар пред да го користите овој лек.
Како да се земе Tabex
Таблетите треба да се голтаат цели со доволна количина течност.
Терапијата треба да се применува според следниот распоред:
– Ден 1 – 3: земајте по една таблета на секои 2 часа (6 таблети на ден). Се очекува постепено намалување на бројот
испушени цигари во првите три дена. Доколку резултатот е незадоволителен, терапијата треба да се прекине
и почнете повторно за 2-3 месеци.
Во случај на задоволителен ефект (значително намален број на испушени цигари), по третиот ден од терапијата
треба да се одвива според следниот распоред:
– 4 – 12 дена: 1 таблета на 2,5 часа (5 таблети на ден);
– 13 – 16 дена: 1 таблета на секои 3 часа (4 таблети на ден);
– 17 – 20 ден: 1 таблета на секои 5 часа (3 таблети на ден);
– 21 – 25 дена: 1 – 2 таблети на ден.
Целосно откажување од пушењето треба да се очекува петтиот ден по започнувањето на терапијата. По завршување на терапијата,
пациентот треба да покаже волја и да не си дозволи ниту една цигара.
За целосна терапија е доволно едно пакување Tabex (100 таблети). Времетраењето на терапијата е 25 дена.
За сите подетали информации за лекот прочитајте го упатството.
Доколку имате дополнителни прашања во врска со употребата на овој лек, контактирајте со вашиот лекар или фармацевт.





