HealthAid Vitamin E – Oil (100% Pure)

1,240 ден

Vitamin E – Oil е моќен антиоксиднас, тој ги штити клетките од оштетувањата што ги предизвикуваат слободните радикали. Vitamin E – Oil може да се употребува за да се спречи прекумерната продукција на меланин и појавата на темни кругови под очите, го забавува процесот на стареење на клетките, ја заштитува кожата од штетните УВ зраци. Vitamin E – Oil ја подобрува влажноста на кожата. Секојдневното користење на маслото на чиста кожа ја прави кожата мека и нежна, покрај тоа делува на лојните жлезди во кожата и ја регулира нивната функција.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Vitamin E – Oil (100% Pure)

Витаминот Е е моќен антиоксиданс, тој ги штити клетките од оштетувањата што ги предизвикуваат слободните радикали. Тој е липосолубилен витамин, што значи дека телото прави депо и го користи кога треба.

Има 8 различни форми на витамин Е, alfa-tocopherol е најактивната кај луѓето.

Витамин Е маслото има повеќе улоги.

  • Може да се користи за да се спречи прекумерната продукција на меланин и појавата на темни кругови под очите
  • Го забавува процесот на стареење на клетките, ја заштитува кожата од штетните УВ зраци.
  • Витаминот Е, ја подобрува влажноста на кожата,
  • Секојдневното користење на маслото на чиста кожа ја прави кожата мека и нежна,
  • Покрај тоа делува на лојните жлезди во кожата и ја регулира нивната функција. Овие жледи продуцираат себум кој ја одржува еластичноста и влажноста на кожата, затоа и има индикација да се корсти кај многу сува кожа.
  • Витаминот Е наоѓа примена и при третман на лузни, без разлика на начинот на кој е настаната.
  • Витаминот Е наоѓа примена кај сите воспалителни состојби на кожата, ги олеснува симптомите на псоријаза, егзема и уште многу слични состојби.
  • Се користи со одлични ефекти и кај стрии. Стриите се еден вид на лузна кои настануваат како резултат на раскинување на дермисот. Витаминот Е пенетрира во дермисот и почнува низа рекации кои резултираат со заздравување на лузната и губење после неколку недели.

Се употребува како:

  • Моќен антиоксиданс за неутрализирање на слободните радикали,
  • Да го забави процесот на стареење на кожата;
  • Да го подобри тургорот, еластичност и влажноста на кожата;
  • Помош при третман на воспалителни кожни заболувања,
  • Третмен на лузни;
  • Заштита од УВ штетните зраци од сонцето

Витамин Е маслото од HealthAid има можност на надворешна и внатрешна употреба.

Дозирање и начин на употреба:

  • Надворешно се земаат 1 до 4 капки и нежно се нанесуваат на посакуваното место на кожата со масажа, на место каде што има стрии, лузни, брчки и сува кожа додека целносно не се впие.
  • Може да се помеша со бадемово или маслиново масло во еднакви делови или да се користи со друга неутрална крема. Надворешната употреба е безбедна и за трудници и за деца.
  • Може и да се пие односно кај возрасни и деца над 14 години 1 до 4 капки дневно, две капки се еквивалент на 200мг од витамин Е.
  • Деца под 14 години и трудници пред употреба да се консултираат со квалификувано лице.

Витамин Е масло  за раце и тело е слободен од: парабенени, сулфати, пропилен гликоли, вештачки бои и мириси.